Локалната самоуправа работи на превентива од поројни врнежи PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 23 Август 2016 17:51   

 

Локалната самоуправа во соработка со „Комуналец“ реализира проект за регулација на коритото на реката „Луда Мара“ со цел поголем пропуст на вода, нанос и друг материјал кој го носи реката по поројни врнежи.


„По препорака на професот Томе Лисичанец продолжуваме со регулација на поројниците кон Кавадарци, со оглед на тоа што по нив се носи плодна земја и друг материјал кој неповратно оди кон големите реципиенти. Ги чистиме таквите поројници често, а распоредуваме и работници кои нон стоп ги чистат одводните решетки со цел да обезбедиме поголем пропуст за да не настанат оштетувања од излевањето“ - вели градоначалникот Александар Панов.


„Досега е направено доста на овој план и спремни сме да интервенираме ако имаме големи врнежи, но сепак е тешко да се справиме ако имаме врнежи околу 100 литри на метрар квадратен“ - вели тој.


Тој апелираше до граѓаните да не го исфрлаат сметот и шутот во близина на поројниците затоа што истиот за време на поплава ќе биде донесен во градот. Исто така се апелира да не се сече околната шума околу градот, затоа што со тоа си правиме многукратна штета. Шумите всушност ја штитат оваа населба од ерозијата која се интензивира токму за време на големи врнежи.


Марјан Димитров

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov