Напишано од Unevski on Четврток, 05 Март 2015 00:42
Во квалитетот, уникатноста и креативноста на бендот Switch се уверивме и на нивниот настап на третото издание на „Т’к Так Фест“, а сега време е да уживаме во нивното првенче кое носи наслов „Те сакам“.
Во генералиите на „Те сакам“ стојат потписите на Александар Русески кој работеше на музиката, текстот е на вокалистот Кате Стојова, додека аранжманот е на Јордан Манов. Покрај Александар Русески кој свири на гитара и Кате Стојова, Switch го комплетираат Стојан Лазаров на бас гитара и Зоран Цеков на тапани.
За доживувањето да биде комплетно, „Те сакам“ доби и видео приказна која е дело на Миле Лефков.