Лејди Гага ќе пее во чест на Дејвид Боуви Печати
Напишано од Unevski on Четврток, 04 Февруари 2016 18:27   

 

Поп-ѕвездата Лејди Гага ќе одржи специјален настап на претстојните награди „Греми“ во чест на неодамна починатата музичка легенда Дејвид Боуви.


На настанот, кој ќе се одржи на 15 февруари во Лос Анџелес, пејачката ќе отпее три или четири хита од познатиот Британец. Точката ќе ја режира Најл Роџерс, кој го продуцира албумот на Боуви Let’s Dance во 1983 година.


Изведбата ќе биде мултисензорен тестамент за неверојатната имагинативност на музичката икона и одраз на неговата неограничена креативност – изјавија организаторите на манифестацијата.


Лејди Гага, и самата голема обожавателка на делото на Боуви, со задоволство го прифатила ангажманот. Веќе беше договорено дека Лејди Гага ќе настапи на годинaшното доделување на „Греми“, но кога Дејвид почина, во истиот момент знаевме дека мора да ја промениме насоката на шоуто. Веднаш разговаравме со Гага и се согласивме дека таа треба да биде ѕвездата што ќе му оддаде почит на Дејвид. Таа е совршениот избор за тоа – истакна Kен Ерлих, извршен продуцент на настанот.


Во текот на својата кариера, Боуви беше 11 пати номиниран за „Греми“, но успеа да освои само една статуетка – онаа за најдобар спот за песната Jazzin’ for Blue Jean во 1985 година. На пејачот му беше доделено и признание за животно дело во 2006 година. Боуви почина од рак на 10 јануари годинава, само два дена по објавувањето на неговиот последен албум Blackstar.