U2 со песна во нова добротворна мисија Печати
Напишано од Unevski on Понеделник, 27 Јануари 2014 23:42   

 

Познати по својата хуманост, U2 ќе издадат песна со која ќе собираат пари кои ќе бидат наменети во добротворни цели, односно за кампањата за подигање на јавната свест околу хив/сидата.


Славниот ирски бенд ќе ја претстави песната „Invisible" во реклама која ќе се прикаже за време на преносот на еден од најгледаните настани, американскиот Супербол кој годинава ќе се оддржи на 2 февруари.


Синглот потоа ќе биде достапен бесплатно преку iTunes, а за секој даунлоуд во текот на овој период Банката на Америка ќе донира 1 долар на добротворната кампања RED до максималната сума од 2 милиони долари кои се наменети за Глобалниот фонд за борба против сидата, туберкулозата и маларијата.


Фронтменот на бендот Боно Вокс помогна во основањето на организацијата. Тој и неговите партнери помогнаа да се соберат 241 милион долари за фондот.