Балетското студио „Венус“ доминираше на арт фестивалот „Утрина Ѕвезда“ Печати
Напишано од Unevski on Вторник, 04 Декември 2018 19:15   

Балетското студио Венус доминираше на арт фестивалот „Утрина Ѕвезда“ кој се оддржа во Банско, Република Бугарија. Кавадаречките танчери освоија четири први и две втори места, со што сосема заслужено ја добија и Гран При наградата за најдобро балетско студио.


Апсолутната доминација членовите на балетското студио Венус ја потврдија во категоријата MTV dance/fusion во која први места освоија првата средна група од 13 до 18 години, втората средна група од 9 до 13 и третата средна група на возраст од 9 до 13 години, сите со кореографии на Ана Балова.


На највисокото скалило на пиедесталот се искачија и учениците од музичкото училиште „Лазо Мицев - Рале“ во категоријата класичен балет, додека одлични настапи кои им го донесоа второто место имаа и првата мала група со кореографиите на Билјана Грозданова, и балерините во категоријата Неокласичен балет.