Сведоци на едно време PDF Печати Е-пошта

 

Под ова сонце, есенски дождови, лош сообраќај и озборување... нема импровизација. Во Кавадарци и Тиквешкиот регион „никој“ и понатаму (упорно) не сака работите да се менуваат. И со право! А еве и зошто:


Токму овде, во срцето на централна Македонија се е изворно и ништо не смее да се менува. Ако не сте биле во Бегниште и Сопот, дојдете за Василица да го почуствувате духот на древноста. За голема Богородица повелете во Ваташа на манастир, побарајте прошка и духовен мир, а притоа слушнете ги приказните за хероите, даскалите и првата македонска печатаница. Добредојдени сте и во Росоман за време на Праскоберот, каде од плодните полиња Росоман учествува со 2 проценти на пазарот со најубавата македонската праска и тоа на светско ниво.


Кавадарци е град со богато културно наследство и историја, кое сонце го грее од четири страни. Над него планински убавини, во широчина рамни полиња и плодна земја со лозови насади, земја со која народот овде со векови ја дели и маката и радоста, се вложува себе си и го живее животот. Во далечина извори на недопрената чиста вода, а од височина!!! убавина распослана со ѕвона, цркви и манастири.


Вербата на народот е мирна и спокојна како капка вода на дланка, и секогаш во хармонија со природата. А за да не заборавиме на корените, и на момент да го прескокниме урбаниот блок од бетон, традицијата ќе ја продолжиме и оваа есен со панаѓурот кој е орнаментика на градот.


И тука, и токму сега, ќе се испомешаат чевлите со опинците, возниот парк од сточниот пазар со коњските сили од бесните автомобили со бугарски таблици, а сепак сите ќе бидеме и среќни и весели. Со парите од годинешниот ират повторно ќе седиме по импровизираните скари и гостилници, децата ќе лепат од шеќерната волна, три за сто, коштани еден фишек и македонската музичка ѕвезда во искачување со редовниот шабански репертоар.


И покрај се, сепак добро е. Мултиетничките, културни и секаков вид настани и случувања не задоложуваат уште долго да бидеме тука, да останеме и да бидеме „сведоци на едно време“.


А вие???


П.С. Ако Македонија е библиска земја, тогаш Кавадарци е нејзината последна религија.

 

Душко Стефанов - Досие
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov