Queens of the Stone Age, Calvin Harris, Placebo на годинашното издание на Сигет PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 23 Јануари 2014 00:30   

 

Еден од најдобрите музички фестивали во Европа, унгарскиот Сигет го има задоволството да ги објави првите потврдени изведувачи кои од 11 до 18 август годинава ќе настапат на Островот на слободата.


Според информациите од организацискиот одбор на Сигет, Queens of the Stone Age, Calvin Harris, Placebo и многу други ова лето ќе настапат на островот Обудаи во срцето на Будимпешта.


Оваа година фестивалот ќе се одржи една недела подоцна од вообичаеното. Кароли Герендаи (Károly Gerendai), основачот и главниот организатор на Сигет фестивал, изјави: „Се чини дека го направивме вистинскиот потег што го поместивме датумот на случувањата; сега имаме можност во програмата да вклучиме и многу поголеми имиња во споредба со минатата година едноставно затоа што тоа е периодот кога се поголеми шансите тие да бидат на турнеја во Европа.”


Како и секогаш така и оваа година во програмата ќе бидат вклучени најразлични музички жанрови, а ќе бидат застапени и големи и помали, но сепак одлични музички изведувачи.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov