По 22 години, Металика ќе настапи на годинашното издание на Греми наградите PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 14 Јануари 2014 22:21   

 

Легендарните Металика по цели 22 години повторно ќе настапи на доделувањето на престижните музички награди Греми, на свеченоста на 26-ти јануари во Лос Анџелес.


Членовите на Металика информацијата за нивниот настап на 56-то доделување на наградите ја објави на официјалната интернет страница, најавувајќи и дека тоа нема да биде само обичен настап, туку дека ќе настапат заедно со кинескиот пијанист Ланг Ланг. Притоа се потсетува дека кинескиот музичар свирел на најпознатите сцени во светот вклучително и на отворањето на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година, на вечери во Белата куќа, на церемониите на светското фудбалско првенство и на концертот по повод доделувањето на Нобеловата награда во Стокхолм.


Металика на годинешната церемонија на греми има номинација за најдобар визуелен изглед на албум (Best recording package), како и за саундтракот од истоимениот филм „Тhrough The Never“.


„Горди сме што саундтракот од филмот „Тhrough The Never“ е номиниран за најдобар визуелен изглед на албум и се надеваме на уште една победа за нашите пријатели од „Turner Duckworth“, кои што го дизајнираа омотот за деветтиот студиски албум „Death Magnetic“ и однесоа дома мини грамофон во 2009 година“, се наведува на интернет страницата на групата.


Металика последен пат настапи на доделувањето на овие награди во 1992 година, кога ја изведоа песната „Enter Sandman“, а добија и Греми за најдобра метал изведба. Досега имаат освоено девет Греми и се првиот бенд кој некогаш имал пет албуми коишто последователно дебитирале на првото место на листата на Billboard од 200 најпродавани албуми.


Меѓу другите изведувачи чии настапи се потврдени на манифестацијата се и познатиот француски електро дует Daft Punk, на кои што на сцената меѓу другите ќе им се придружат и многу познати музичари, како Стиви Вондер, Фарел Вилијамс и Нил Роџерс. Ќе настапат и Пинк, Кендрик Ламар, Мерли Хагард, Кети Пери и други, а водител ќе биде раперот ЕлЕл Кул Џеј.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov