Поставен нов асфалт на улиците „Јане Сандански“, „Диме Туриманџов“ и „4 Јули“ Печати
Напишано од Unevski on Среда, 09 Мај 2018 07:24   

 

Поволните временски услови во изминатите неколку денови овозможија оперативата на фирмата „Инвест Груп“ да работи на асвалтирање на три улици во градот, „Јане Сандански“, „Диме Туриманџов“ и „4 Јули“.


На улицата „Јане Сандански“ се работеше на поставување на нов слој асвалт во должина од 160 метри и тоа од спојот со улицата „Задругарска“ до спојот со улицата „Народен фронт“, додека пак на улицата „Диме Туриманџов“ беа поставени 200 м2 нов асфалт. Нова асвалтна подлога беше поставена и на улицата „4 Јули“ на вкупна површина од 1200м2, со дебелина од 5 сантиметри. Новиот асвалт се постави на потегот од спојот на улица „4 Јули“ со улицата „Илинденска“ до спојот со улицата „Љубашка“.


За реновирање на асвалтната подлога општината инвестира 859.000 денари, пари од сметката на буџетот наменети за комунална изградбаСпоред програмата за комунална изградба, општина Кавадарци најпрвин преку Јавното претпријатие „Комуналец“ изврши комплетна замена на старата и дотраена бетонска канализација со профил фи150мм, со нова ребраста цевка чии профил изнесува фи 250мм. Беа обновени вкупно100 должни метри, со 12 пропратни приклучоци. Со овој проект општината Кавадарци изврши целосна ревитализација на подземната и надземната инфраструктура на оваа улица, која се наоѓа во централнотоградско подрачје.