Падарска служба ќе ги чува полињата во кавадаречко Печати
Напишано од Unevski on Четврток, 15 Септември 2011 13:45   

 

 

 

Локалната Самоуправа на Кавадарци и Градоначалникот Панов во неколку наврати јасно ја искажа својата подршка во правец на заживување на Падарската служба во Општината, предлог на здруженијата на земјоделци од Кавадарци кои веќе неколку години укажуваат на нужноста од една таква служба, имајки во предвид штетата која земјоделците ја трпат, поради зголемениот број на полски кражби по полињата и нивите.

 

 

Токму по тој повод општината организира Јавна расправа со сопствениците на земјоделско земјиште сакајки да ги чуе предлозите од нивна страна, но и да се образложи идејата за возобновувањето на Падарската служба.

 

Јавната расправа на која можат да присуствуваат сите заинтерсирани грагани и земјоделци ке се одржи во четврток, 15 септември со почеток во 20.00 часот во големата сала на Локалната самоуправа Кавадарци.

 

Трајче Илиев - Телевизија Тиквешија