Компанијата „Екотип“ донираше 33 прочистувачи на воздухот за кавадаречките градинки Печати
Напишано од Unevski on Среда, 17 Јануари 2018 17:08   

 

Во присуство на градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, денеска во градинката „Рада Поцева” од Кавадарци беа донирани 33 прочистувачи за воздух за занималните во неколку објекти во кои престојуваат најмладите. Донацијата вредна околу десет илјади евра е од компанијата „Екотип”, и е благодарение на долгогодишната соработка со Јанчев.


„Ми претставува гордост што за најмалите и најосетливата категорија на жители на Кавадрци ќе обезбедиме чист воздух барем во оној дел од денот кога престојуваат во градинката“ - рече градоначалникот Јанчев, осврнувајќи се и на другите мерки кои ги презема локалната самоуправа за намалување на загадувањето.


Директорката на градинката Цанка Добринова изрази благодарност за донацијата до Јанчев и компанијата донатор.
„За градинката секоја донација значи многу, меѓутоа оваа донација која директно се однесува за здравјето на децата е од големо значење. Тоа е добро што има обезбедено ваков апарат за секоја занимална, тоа значи прочистување на воздухот. Прочистување од вируси и од прашина, сите тие бактерии и вируси ќе бидат намалени“ - додаде Добринова.