Позната програмата за новогдишните празници Печати
Напишано од Unevski on Петок, 15 Декември 2017 11:08   

 

Кавадарци се подготвува за дочекот на новата година. Централното градско подрачје веќе втора недела е во новогодишен амбиент, кој привлекува голем број граѓани да излезат од своите топли домови.


Покрај украсувањето на централното градско подрачје, годинава за прослава на новогодишните празници се издвоени 803527 денари. Според предвиденото, градоначалникот Митко Јанчев и Дедо Мраз ќе им поделат новогодишни пакетчиња на децата од прво до петто одделение на традиционалните новогодишни приредби. Новогодишни пакетчиња ќе добијат и децата од социјално загрозените семејства кои не посетуваат настава, децата од специјалната паралелка, децата кои се на болничко лекување, здружението на слепи лица и други загрозени семејства.


За најмладите предвидена е и новогодишна детска претстава и изложба на друштвото на ликовни уметници од Кавадарци.


Локалната самоуправа која по едногодишна пауза се јавива како организатор на новогодишната забава, ќе ја започне прославата со свечен новогодишен прием кај градоначалникот за претставници од јавните и приватните комапнии, здруженијата на граѓани и други гости.


Сите кои пак ќе се решат најлудата ноќ од годината да ја поминат на градскиот плоштад, ќе можат да уживаат во настапите на кавадаречките музичари, групи и диџеи. Низ вечерта низ која ќе не води Диме Коцевски ќе настапт Александра Михова, DJ Face, и рок составите Трилоџи, Лексикон и Бадасал.


Во новогодишаната програма е вклучен и традиционалниот божижен концерт на основното музичко и балетско училиште „Лазо Мицев Рале“ кој ќе се оддржи на 8 јануари.