Отворена изложбата на Трајче Чатмов Печати
Напишано од Unevski on Четврток, 25 Август 2011 10:18   

 

 

Како дел од манифестацијата „Топол културен бран“ завчера во Домот на културата беше отворена изложбата на врвниот македонски ликовен уметник од помладата генерација Трајче Чатмов. 

 

Пред преполната сала неколку зборови за достигнувањата на Чатмов кажа директорот на Домот за култура Владимир Темков по што изложбата за отворена ја прогласи претседателот на Советот на град Кавадарци Илија Тренчев.

 

Инаку Трајче Чатмов се отчекува во наредните неколку дена да биде и дел од Ликовната колонија „Кавадарци 2011 - Уни Палас 2“ на која што веќе неколку денови ликовни уметници од Балканот творат инспирирани од кавадаречкото небо и гостопримство. Одличното расположение дружењето и забавата продолжија во Хотелот Уни Палас 2 каде што специјално за гостите на коонијата беше одржан џез концерт.

 

Трајче Илиев - Телевизија Тиквешија