8 денари за килограм смедеревка, за вранецот 10 денари Печати
Напишано од Unevski on Четврток, 25 Август 2011 10:11   

 

 

„Смедеревката" со 17 шеќерни единици да се откупува по цена од 8 денари за килограм, а "вранецот" со 18 шекерни единици по 10 денари за килограм е  договорот на  лозарите пред претстојниот откуп на грозјето, кој го договорија  на вчерашната средба со средба со вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски и со министерот за земјоделство, Љупчо Димовски.

 

Со ова нашите барања се делумно задоволени. Останнува да се надеваме дека ќе имаме позитивна берба, доколку визбите го испочитуваат предходно донесениот закон за вино но и договореното од последната средба - изјави претседателот на здружението Агротиквешија на вчерашната прес конференција одржана во зградата на општина Кавадарци. Ако на овие цени ги додадеме и субвенциите на владата по два денари за килограм продадено грозје во домашни винарски визби и субвенциите од 40000 денари по хектар лозови насади, земјоделците  може да здивнат и оптимистички да ја започнат бербата 2011. Со овие цени одгледувањето на лозови насади се уште не е рентабилно, ако се земе во предвид високата цена на нафтата и скапите ѓубрива и пестициди,  но барем се наближуваме до некоја позитивна нула. Се отчекува за 10тина дена овие официјално договорени цени да излезат во службен весник за да не би дошло до манипулации од страна на откупувачите.

 

„Лозарите треба да обрнат поголемо внимание при откупот кога се врши мерење на шеќерните единици“, рече Аризанов понатаму. Оваа година мора да обрнеме повеќе внимание и на начинот на мерење на шеќерноста на грозјето затоа што одредени визби со исклучок на комбинатот Тиквеш наместо шеќерни единици кои мерат густина на ширата што е потполно погрешно и добро разработен начин за манипулација на лозарите. Од тука и апелот до лозарите и винарските визби при утврдувањето на квалитетот, наместо т.н. широмери, да се користат исклучиво сонди зашто само така е можна реална проценка на квалитетот и шекерноста грозјето.

 

Оваа година ценовниците односно цените по кои што визбите ќе го откупуваат грозјето оваа година мора да бидат истакнати на вагите пред откупот, што не беше случај минатата година кога некој откупувачи издаваа белешки со бланко цена, па и самите лозари не знаеја по која цена го продале грозјето, а според експертите неопходно е и точно да се одреди почетокот на бербата зависно од сортата и регионот.

 

Од страна на претседателот на Агротиквешија, Аризанов беше напоменато дека оваа година ќе инсистираат и бараат инспекцијата да врши надзор на откупот, и на сите поголеми пунктови да има претставници на лозарите, за да не би дошло до добропознатите манипулации за нив, кои што веке неколку години се главна карактеристика на гроздоберот.

 

Субвенции ќе има и за винарските визби кои ќе откупат повеке од 65% од грозјето кое што го откупиле во предходните две години. Субвенциите за нив ке бидат по 1,5 за смедерефката,  додека 2,5 денари за вранецот односно кратошијата.

 

Годинава, винарските визби повторно ги изиграа лозарите со тоа што не го испочитуваа Законот и не ги објавија откупните цени 45 дена пред почетокот на бербата. Гроздоберот започна со берба на високосортното бело грозје од сортата Шардоне кое според неофицијални податоци се откупува по цена од 12 денари за килограм. Според Аризанов тоа било добро позната тактика и обид некои багабонти да ја уништат цената на продуктот уште на самиот старт на бербата.

 

Трајче Илиев - Телевизија Тиквешија