Весела дружина на пуст остров Печати
Напишано од Unevski on Петок, 15 Јули 2011 19:12   

 

 

После бродолом, на пуст остров се наоѓа весела дружина од:

 

2 Италијани и Италијанка

2 Французи и Французинка

2 Германци и Германка

2 Англичани и Англичанка

2 Бугари и Бугарка

2 Јапонци и Јапонка

2 Кинези и Кинескиња

2 Американци и Американка

2 Ирци и Иркиња

 

После еден месец на островот состојбата е ваква:

 

 

 

- Едниот Италијанец го уби другиот заради Италијанката.

- Двајцата Французи и Французинката безгрижно си живеат во "menage-r-trois"

 

- Двајцата Германци договорија фиксен распоред за посета на Германката.

 

- Грците се заљубија, а Гркинката ринта, готви и чисти.

 

- Двајцата Англичани чекаат некој да ги запознае со Англичанката.

 

- Бугарите се загледаа во бесконечниот океан, потоа добро ја загледаа Бугарката, па скокнаа во океанот и запливаа.

 

- Јапонците испратија факс во Токио и чекаат инструкции.

 

- Двајцата Кинези отворија ресторан, продавница за текстил, аптека и перална, Кинескињата затрудне па сите ја очекуваат новата работна сила.

 

- Двајцата Американци размислуваат за самоубиство бидејќи Американката стално се жали на својот изглед и телото, размислува за феминизмот, им потенцира што се може таа а неможат тие, се жали на неправедната распределба на работата во куќата, тврди дека заради палмите и песокот изгледа дебело, го спомнува бившиот дечко кој го ценел нејзиното мислење и бил нежен и внимателен за разлика од нив, тврди дека односите со мајка и и се подобрени и задоволна е што даноците се ниски, а и не врне.

 

- Ирците го поделија островот на Северен и Јужен, направија казан и почнаа да произведуваат виски од кокос. Немаат претстава што се случува на островот, се им е магловито од првите неколку литри. Битно е дека се пресреќни затоа што на Англичаните им е ужасно досадно.