Четири улици во градот стануваат едносмерни Печати
Напишано од Unevski on Понеделник, 16 Јули 2018 09:42   

 

Согласно измените во режимот на сообраќај, четири улици во градот стануваат едносмерни.


На улицата „Максим Горки“ сообраќајот ќе се одвива во насока од спојот со ул.„Партизанска“ кон спојот со улицата „Илинденска“, додека пак на улицата „Браќа Хаџи Тефови“ сообраќајот ќе се одвива во насока од спојот со улицата „Браќа Џунови“ кон спојот со улицата „Миле В’чков“.


На улицата „Браќа Џунови“ на потегот од спојот со улицата „7ми Септември“ до спојот со ул. „Браќа Хаџи - Тефови“ сообраќајот ќе се одвива во насока од улицата „7ми Септември“ кон улицата „Браќа Хаџи Тефови“, а пак на улицата „Ресавска“ на потегот од спојот со улиците „Тиквешко востание“ до спојот со улицата „Пионерска“ сообраќајот ќе се одвива во насока од улицата „Пионерска“ кон улицата „Тиквешко востание“.