Поставени првите подземни контејнери Печати
Напишано од Unevski on Петок, 01 Јуни 2018 18:52   

 

По примерот на европските градови, и Кавадарци доби подземен контејнер за смет. Монтажата на првите контејнери кои ќе треба да покажат дали ваквиот начин е ефективен и еколошки ја реализираше компанијата „Метал Апостолов“ која е донатор на истиот. 

 

Контејнерот со зафатнина од 3м3 е поставен на југо-источната страна од градскиот плоштад, на аголот од улицата „Благој Крстиќ“.


Подземниот контејнер има три комори. По една посебно за смет од домаќинствата, како и за собирање на отпад за рециклирање, стакло и пластика. Овој систем на прибирање на смет во развиените земји е широко распространет и покажува повеќе предности, пред се од екологијата.


Подземните контејнери се веќе ставени во функција, а искуствата и резултати ќе влијаат на понатамошното градење на вакви контејнери за смет во градот.