Свлечиштето во село Ваташа смирено Печати
Напишано од Unevski on Вторник, 22 Август 2017 10:06   

 

Локалната самоуправа вложи околу 4,5 милиони денари за да ги изврши геолошките испитувања и градежните работи за да го смири земјиштето од десната страна по течението на реката „Луда Мара“.


По две години интензивни градежни работи завршени се активносите на Локалната самоуправа Кавадарци на локацијата на крајот на селото Ваташа за санирање на големото свлечиште кое се наоѓа од десната страна по течение на реката „Луда Мара“ во близина на селските гробишта во село Ваташа.


Сега тлото е смирено и сопствениците на куќи и имот овде можат да здивнат. Вакви зафати се очекуваат и на уште неколку делови од десната страна на течението на реката каде што тлото сеуште не е мирно. Ова го потврдуваат и испитувањата кои ги изврши Градежен факултет од Скопје, а истите се од суштинско значење за идни работи кои можат да се извршат или пак да бидат сознание за евентуална идна градба.


Во изјавата за медиумите, градоначалникот Александар Панов го нагласи значењето на овој градежен зафат, особено за жителите од овој реон.