Ноле тргнува по третиот по ред тројфеј од Австралија Печати
Напишано од Unevski on Понеделник, 14 Јануари 2013 17:35   

 

Србинот Новак Ѓоковиќ ја започна одбраната на титулата „Австралија опен“, кој почна рано изутринава, а со евентуална победа на првиот сезонски гренд слем ќе стане првиот тенисер што трипати едноподруго триумфирал во Мелбурн.


Најголемата закана за прворангираниот светски тенисер и овој пат ќе биде четирикратниот освојувач на трофејот во Мелбурн, швајцарецот Роже Федерер, со кого може да се сретне само во финалето. Вицешампионот од 2010 и од 2011 година Енди Мареј е трет фаворит, а ланскиот финалист Рафаел Надал нема да учествува поради повреда. Кај дамите најголеми шанси за триумф има Серена Вилијамс, на која главни конкурентки се очекува да ѝ бидат Марија Шарапова и бранителката на трофејот Викторија Азаренка.