Во главата на Ѓоковиќ не постојат граници Печати
Напишано од Unevski on Вторник, 10 Ноември 2015 13:53   

 

Нова титула, нов рекорд. Новак Ѓоковиќ стана првиот тенисер во историјата кој во една година освоил шест титули од Мастерс серијата, откако за 90 минути игра го совлада Енди Мареј со 6:2, 6:4 во финалето во Париз.


Тоа е рекордната четврта титула за Србинот во француската престолнина, а вкупно десетта оваа сезона, во која има изгубено само пет меча.
Мареј направи премногу неизнудени грешки, па немаше никакви шанси да го избегне десеттиот пораз од Ѓоковиќ на последните 11 меѓусебни меча. Играјќи ја една од најуспешните сезони во историјата на тенисот, Ѓоковиќ ќе биде најголем фаворит и на претстојниот завршен Мастерс во Лондон.


- Во мојата глава не постојат граници. Секогаш го извлекувам најдоброто од себе и се надевам дека пред мене се уште многу успешни години. После Мастерсот во Лондон одам на некоја тропска дестинација, далеку од се, потребно ми е тоа - изјави Ѓоковиќ по триумфот во Париз.


Претходно оваа година, Ѓоковиќ славеше и на Мастерсите во Индијан Велс, Мајами, Монте Карло, Рим и во Шангај.