Ван Гал е новиот предводник на Манчестер Јунајтед Печати
Напишано од Unevski on Понеделник, 19 Мај 2014 16:16   

 

Холандскиот селектор Луис ван Гал е новиот тренер на Манчестер Јунајтед кој се очекува да пристигне на Олд Трафорд веднаш по завршувањето Светското првенство во Бразил.


Прв помошник на новиот тренер ќе му биде Рајан Гигс кој како привремен менаџер работеше на клупата на Јунајтед на последните четири натпревари од сезоната, односно по отказот кој го доби Дејвид Мојс.


- Неколку пати во кариерата сум ги водел моите тимови на стадионот „Олд трафорд“ и знам дека навивачите прават фантастична атмосфера и се посветени на клубот. Манчестер секогаш има високи амбиции и се надевам дека ќе успееме да ги оствариме, веќе од претстојната сезона - изјави Ван Гал.


- Со Ван Гал го обезбедивме еден од најдобрите тренери на денешницата. Воодушевен сум што Гигс ќе биде негов помошник. Рајан е во клубот веќе две децении и ќе му биде од голема помош на Луис - изјави потпретседателот Ед Вудвард.


Ван Гал во неговата тренерска кариера ги водеше екипите на Ајакс, Барселона и Баерн Минхен, а две сезони беше и тренер на холандската репрезентација.