И Анчелоти во трката за наследник на Мојс Печати
Напишано од Unevski on Понеделник, 31 Март 2014 22:59   

 

Британскиот весник Дејли Стар пишува дека Манчестер Јунајтед престојново лето местото менаџер на клубот ќе му го понуди на актуелниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти.


Навивачите на Јунајтед не се задоволни од резултати на клубот сезонава и побараа заминување на Дејвид Мојс, а во неделата Олд Трафорд го надлетуваше авион кој носеше порака од навивачите кои бараат смена на тренерот.


Јунајтед, кој минатата година ја освои шампионската титула во Англија, сезонава со Мојс на клупата почна да тоне и во моментов е на седмото место.


Според Дејли Стар, Јунајтед покрај Анчелоти како можна замена за Мојс гледа и во Диего Симеоне и Жозе Мурињо.