Македонија со тројца џудисти на Европскиот младински олимписки летен фестивал Печати
Напишано од Unevski on Вторник, 07 Јули 2015 10:58   

 

Исклучително активниот со интернационални настапи период за македонските џудисти продолжува. По успешното претставување на балканското првенство кое се оддржа во Крајова, Романија, од кое Берна Шерифовска на Македонија и донесе бронзен медал и го задржа континуитетот на освојување на медали, и настапот на европското првенство за кадети и кадетки кое пред два дена заврши во Софија, Бугарија, македонските џудисти ќе земат учество и на Европскиот младински олимписки летен фестивал.


Благодарение на успешната соработка помеѓу џудо федерацијата на Македонија и Македонскиот олимписки комитет, на годинашното издание на Европскиот младински олимписки летен фестивал кој од 24 до 2 август ќе се оддржува во главниот град на Грузија, Тбилиси, Македонија ќе ја претставуваат тројца џудисти.


Амра Фејзула ќе настапи во конкуренцијата до 57 килограми, бронзената од последната балканијада Берна Шерифовска во категоријата до 52 килограми, додека Борче Ангелов ќе настапи во категоријата до 60 килограми.