185 илјади посетители уживаа во годинашниот „Егзит“ Печати
Напишано од Unevski on Вторник, 15 Јули 2014 09:19   

 

Со синоќешните настапи на бендовите Hurts, Suede, Deep Dish и многу други, заврши првиот дел од Егзит авантурата и тоа со преку 185 илјади посетители за четири дена на фестивалот.


Годинешниот 15 по ред Егзит фестивал ги исполни и надмина очекувањата на публиката, која задоволна ја напушти Петроварадинската тврдина по четири дена добра музика.


Журката ќе продолжи од 15-17 јули на јадранската плажа Јаз кај Будва, каде што започнува „морското издание“ на Егзит, Sea dance фестивалот.