Металика оддржа концерт на Антарктикот Печати
Напишано од Unevski on Четврток, 12 Декември 2013 00:00   

 

Како што ветија, членовите на бендот „Металика“, во неделата одржаа концерт на Антарктикот, а на свирката во аргентинската поларна база „Карлини“, ако не ја сметаме колонијата од 16 илјади пингвини, присуствуваа околу стотина луѓе, меѓу кои беа и дваесетмина најсреќни фанови, кои ова патување го освоија преку награден конкурс.


Американскиот бенд, во текот на настапот кој во склоп со пригодата го нарекоа „Freeze 'Em All“, како „замрзната“ верзија на прочуениот албум „Kill ‘Em All“, ги изведуваа своите најголеми хитови, а по концертот кој траеше еден час и десет минути, Џејмс Хетфилд и неговите другари изјавиле дека енергијата била феноменална и дека се пресреќни што им се укажала можност да свират на толку необично место.


Погледнете како помина настанот на Јужниот пол.