Кети Пери е новата амбасадорка на добрата волја на УНИЦЕФ Печати
Напишано од Unevski on Четврток, 05 Декември 2013 00:08   

 

Поп пејачката Кети Пери е новата амбасадорка на добрата волја на УНИЦЕФ.


На церемонијата што се одржа во Њујорк, таа најави дека своите напори ќе ги насочи кон подобрувањето на животот на најранливите категории на децата и адолесцентите.


Таа додаде дека младите луѓе ја имаат моќта да го променат својот живот, со помош на оваа хуманитарна организација.


„Ми претставува чест што можам да му се придружам на УНИЦЕФ како амбасадорка на добра волја. Ќе се залагам и ќе работам се што е во моја моќ за да им помогнам на децата и на младите кои доаѓаат од различни средини“, изјави таа на церемонијата.


Пери, во рамките на мисијата на УНИЦЕФ годинава го посети Мадагаскар, една од најсиромашните земји на светот и така го сврти вниманието на потребите на децата во таа земја.


Како амбасадор на добрата волја УНИЦЕФ, 29-годишната Кети Пери се придружува на импресивниот список, на кој, меѓу другите се Одри Хепберн, Дејвид Бекам, Хари Белафонте, Орландо Блум, Џеки Чен, Миа Фароу...