Анџелина Џоли доби почесен „Оскар“ за хуманитарна работа Печати
Напишано од Unevski on Понеделник, 18 Ноември 2013 01:47   

 

Анџелина Џоли конечно се појави во јавноста, а причина за тоа беше свеченоста „Governers Awards“ во Лос Анџелес, на која и беше врачен почесен „Оскар“ за хуманитарна работа. Џоли го доби хуманитарното признание „Џин Хершолт“, кое има иста тежина како и класичниот „Оскар“, а истото го доби од славниот режисер Џорџ Лукас.


„Кога ги сретнав овие луѓе кои преживеале војна и силувања, сфатив колку сум била среќна и заштитена во животот. Бев одлучна тоа никогаш да не се повтори. Не можам да сфатам дека некоја жена на другиот крај во светот со иста работна етика, страсти и можеби подобар талент за глума, е заробена во камп за бегалци. Таа нема глас. Загрижена е што ќе јадат нејзините дечиња и како ќе ги заштити и дали воопшто некогаш повторно ќе се вратат дома. Не знам зошто ова е мојот живот, а тој нејзиниот, но ќе направам се за да им помогнам. Да беше мојата мајка жива денес, знам дека ќе се гордееше со мене“, изјави Анџелина пред околу 600 гости во салата на Академијата за филмски уметности и науки.


„Оскар“ за животно дело во саботата вечерта им беа доделени и на италијанскиот костимограф Пјеро Тоси, комичарот Стив Мартин и британската актерка Анџела Лансберу.