Петар Малинов „шири“ „Зависност“ Печати
Напишано од Unevski on Понеделник, 25 Јули 2016 16:56   

 

По „Сто денари“, „Мамурниот“ Петар Малинов има „Зависност“. А токму неговата „Зависност“ веќе една недела создава „зависност“ кај неговите фанови да го преслушуваат, но и го прегледуваат спотот за неговиот најнов летен хит.

 

Хипер позитивниот кочанчанец кој кавадаречката публика го препознава како фронтмен на бендот „Криптон“ и на својот трет по ред сингл работеше со својот проверен и докажан тим на пријатели и соработници, Кирил Стоименов кој е автор на музиката и текстот, додека аранжманот и новото урнебесно видео се дело на Јордан Манов.

 

Во „откачениот“ спот кој дополнително ја доловува целата енергија која ја носи песната, но и самиот Малинов, се појавуваат и Александар Врзалски, Кирил Стоименов, Ненад Врзалски и Драган Алексовски, додека на „разочарување“ на машката публика, името на девојката која се појавува во спотот останува тајна.