Replay ја преработија „Туѓа си бескрајно“ Печати
Напишано од Unevski on Понеделник, 15 Јуни 2015 19:12   

 

Преработувањето на македонските евергрини како еден од начините за негување и штитење од заборавот е главната водилка на бендот Replay, кој деновиве е актуелен со нивната преработка во акустична верзија на легендарната „Туѓа си бескрајно“ на Ефто Пупуновски, за која изработија и видео спот.


Давајќи и ново, позабавно, латино темпо, членовите на бендот, Никола Велиновски (гитара и вокал), Столе Коцев саксафон и Петар Чекоров (клавијатура) се потрудиле мегахитот на Пупиновски да звучи доста свежо, но и да го зачува својот вонвременски дух.


За песната е изработен и видео спот зад кој стој потписот на Ненад Стамболиски, а како сето тоа звучи и изгледа погледнете на видеото под текстот.