Голема акција на Фероелектро по повод Свети Трифун Печати
Напишано од Unevski on Вторник, 10 Февруари 2015 10:25   

 

Традицијата во Македонија е можеби најважниот аманет кој останал и се предавал од поколение на поколение. Во оваа насока треба да се потенцира дека традицијата која македонскиот земјоделец ја негува уште од дамнешни времиња останала и до денес.


Новото време наметна нов начин на обработување на почвата како и за третирање на различни земјоделски посеви.


Тиквешијата исто така не остана имуна на новото време, па така лозарите кои со децении ги прехрануваат своите семејства произведувајќи го можеби најкавлитетното грозје не само во Македонија туку и во поширокиот регион, ги прифатија предизвиците кои ги донесе тоа време.


Модерна механизација, технологија, хемиски додатоци во ѓубривата и сл., овозможуваат денеска да се дојде до подобрен квалитет како и до контролирано производство. Но сепак најважниот дел од сето тоа останува механизацијата и делот на машини кои служат за преработка на квалитетно добиеното грозје.


Традицијата вели дека се почнува од Св.Трифун, кога традиционално се отпочнува со работа за новата сезона.


Според христијанските верувања, уште од рано детство во него се пројавила необична Божја благодат со покажување на дар на чудотворство.


Православната црква неговиот ден го чествува на 1 февруари. Денеска неговиот ден се празнува од страна на лозарите и градинарите на 14 февруари според грегоријанскиот календар.


Следејќи ги модерните тренодви во работењето а сепак држејќи се до традицијата, како и потребите на потрошувачите, Фероелектро во 2014 година стратува со директна продажба на целиот асортиман од своите артикли на интернет, отварајќи електронска продавница, каде идејата е сите потрошувачи да дојдат до бараниот продукт со еден клик.


Но како што велиме погоре, држејќи до традицијата и до христијанските убедувања, Фероелектро за денот на лозарите и градинарите одлучи да реализира акција која ќе опфати дел од неговата гама на артикли а кои се наменети за земјоделците.


Мислејќи на буџетот на оние кои ни овозможуваат задоволство на трпезата, Фероелектро секој месец прави акции на одредени артикли а овој месец најзначајно е тоа што акцијата е со посебен акцент за денот Св.Трифун од кој ден и официјално започнува новата сезона.


Кога зборуваме за обработка на земјоделски површини и градина, може слободно да кажеме дека на македонскиот пазар одамна својата приказна започна да ја пишува Фероелектро, кој ги обедини скоро сите светски брендови на едно место.


Компанијата Фероелектро која започнува со работа во 1992 година, не застанува во ниту еден момент во својот развој, напротив за кратко време стана лидер во својата дејност.


Долги години соработуваат со реномирани светски компании, а воедно се официјални застапници за низа брендови меѓу кои: MTD, IKRA, MAX, Enoitalia и други.