Ангела Јовановска фантастична на меѓународен танцов натпревар во Софија Печати
Напишано од Unevski on Вторник, 30 Март 2021 20:35   

  


Ангела Јовановска од Кавадарци со фантастичното второ место освоено на меѓународниот танцов шампионат во Софија, Р. Бугарија, најави нова успешна танцова сезона. Тринаесет годишната Кавадарчанка која од својата шеста година е дел од танцовиот спортски клуб Линеа од Кавадарци, под раководство на тренерот Лазар Соколов, го освои второто место во супер силната конкуренција во дисциплината спортски латино танци, категорија од 12-15 години.


„Напорната работа, на крај, секогаш ни носи големо задоволство и награда за трудот“ - вели нејзиниот тренер Лазар Соколов кој е презадоволен од новиот успех на Јовановска, која зад себе има бројни награди, признанија, пехари и медали од различни натпреварувања кои се доказ за нејзината посветеност и љубов кон танцот.

 


Се разбира, за успесите на Ангела, од големо значење е и несебичната и искрена поддршка на нејзините родители, која е клучна за напредокот и развојот на секое дете.