Тиквеш со шест нови засилувања го дочекува продолжението од сезоната Печати
Напишано од Unevski on Вторник, 22 Јануари 2019 21:09   

Градскиот фудбалски клуб Тиквеш пролетниот дел од сезоната во Втората лига – Исток ќе ја дочека со шест нови засилувања кои би требало да ги остварат амбициите за пласман во најквалитетното фудбалско друштво. Најново

име меѓу кавадарчани е младиот напаѓач на Работнички, Марио Станковски.

 

Освен со Станковски, Тиквеш досега во преодниот рок се засили и со Петар Најдов и Марјан Ташков од Кит Го, потоа Донат Алиу од Шкендија, најдобриот фудбалер на Кожуф од есенскиот дел, Марјан Ристовски како и Андреј Лазаров дојде од екипата на Работнички.

 

Клубот, пак, го напуштија Дарко Илиески и Наумче Бакрачевски. Илиески својата кариера ќе ја продолжи во борец, додека Бакрачевски се пресели во Брегалница Штип.