Вечерва, голем концерт на нашиот Марјан Коцев во МОБ Печати
Напишано од Unevski on Четврток, 29 Март 2018 00:01   

 

Се е подготовено за спектакуларниот концерт на една од најголемите македонски фолк ѕвезди, нашиот Марјан Коцев, кој, вечерва, четврток, 29 март, во салата на Македонската опера и балет ќе ги отпее „Сите мои песни“.


Концертот „Сите мои песни“ е со сосема поинаков концепт од оној од пред четири години, кога Коцев одбележа 20 години на македонската музичка сцена, и ќе донесе нешто повеќе од 2 часа вистинско уживање во песните на Коцев, но и на неговите гости, Анета Мицевска од групата Молика и оркестарот Дрим Тим кој ќе го придружува во текот на целиот концерт.


Организатор на концертот е „Роса продукција“, а уште еден повод за истиот е прославата на 25 години од радио „Роса“.


Почетокот на концертот е во 20 часот, а оние малку карти кои останаа во продажба може да се купат преку продажната мрежа на купи карти за се по цена од само 300 денари.