И Шкупи немоќен против Фени Печати
Напишано од Unevski on Сабота, 16 Декември 2017 23:03   

 

По неочекуваниот пораз од Пелистер, кошаркарите на Фени Индустри и покрај сите проблеми им се вратија на победите, добивајќи го тимот на Шкупи со 83-79.


Со само седум играчи во ротација, од кои дури тројца кавадарчани, Кицев, Коцев и Милков, Фени го надигра новајлијата во најквалитетното македонско кошаркарско друштво во првите три четвртини, создавајќи убедливи 20 поени позитива, откако Горјан Марковски погоди со звукот на сирената. Заморот и кратката клупа во последниот период беа очекувани, па гостите успеаа да ја стопат големата негатива, и да стигнат до пристоен пораз од 83-79.


Андреј Магдевски имаше блескава партија која ја заокружи со 30 постигнати поени, капитенот Петровски постигна 16, Марковски 12, а Коцев 11 поени.


Во последниот натпревар од 2017 година, Фени во сабота ќе и гостува на екипата на Блокотехна.