Џудистите од џудо клубот Кожувчанка на турнир во Софија Печати
Напишано од Unevski on Сабота, 25 Ноември 2017 10:49   

 

Успешната сезона 2017 кавадаречките џудисти од џудо клубот Кожувчанка ја продолжуваат со настап на еден од најсилните турнири на балкано кој денес се оддржува во Софија, а на кој годинава учество ќе земат повеќе од 700 натпреварувачи од целиот Балкан.


Боите на џудо клубот Кожувчанка ќе ги бранат петте најдобри џудисти, Тоше Петров, Игнат Петров, Никола Петров, Никола Јанев и Марија Илиевска, а поради повреди нема да настапат репрезентативците Благој Тодоров, Никола Станоев, Димитар Колев и Благица Колева.


Во отсуство на Марјан Колев, тимот ќе го води тренерскиот двоец Сашко Ангелов и Методија Трајановски кои очекуваат одлични резултати од своите натпреварувачи.