Во сабота, втор тиквешки кик бокс турнир Печати
Напишано од Unevski on Четврток, 09 Ноември 2017 15:26   

 

Во рамките на одбележувањето на седум годишниот јубилеј од основањето, клубот за боречки вештини Будо од Кавадарци викендов ќе го организира вториот тиквешки кик бокс турнир на кој учество ќе земат повеќе од 50 кик боксери од неколку клубови од земјата.


Според информацијата од клубот, на турнирот кој ќе се одддржи во спортската сала во Демир Капија ракавиците ќе ги вкрстат натпреварувачи од клубовите Будо Велес, Гладијатор Неготино, Гладијатор Штип, Будо Кавадарци и Будо Демир Капија.


Почетокот на натпреварите е во 19 часот.