ГФК Тиквеш им се врати на победите Печати
Напишано од Unevski on Недела, 22 Октомври 2017 10:50   

 

Со гол од пенал на Ѓорѓи Мојсов, кој на крајот се покажа и како одлучувачки, фудбалерите на градскиот фудбалски клуб Тиквеш конечно ја прекинаа очајно лошата серија, и со победа ја заокружија првата фаза од натпреварувањето.


Тимот на Плачовица беше далеку подоминантен во првиот дел од натпреварот, креирајќи неколку одлични шанси, кои за среќа на домашните не беа искористени, па како што обично бидува во фудбалот, казната стигнува веднаш, односно овој пат во 70та минута кога Мојсов го реализираше сосема оправдано досудениот пенал за домашните фудбалери, кој на крајот се покажа и како одлучувачки.


Со новите 3 бода ГФК Тиквеш остана на шестата позиција, но овој пат со само три бода помалку од петто пласираната екипа на Плачковица, односно 4 од трето и четврто пласираните екипи на Борец и Кожув.


Веќе следната сабота стартува и втората фаза од второлигашкото натпреварување, а во неа ГФК Тиквеш на домашен терен ќе го пречека тимот на Беласица кој е во мртва трка со тимот на Брегалница за врвот во групата Исток.