Чувајте се од мобилните Печати
Напишано од Unevski on Понеделник, 07 Март 2011 14:27   

 

 

Постојано слушаме на телевизија и читаме на интернет дека мобилните телефони не зрачат. Тие не можат да предизвикаат тумор на мозокот, но сепак постои некаква поврзаност помеѓу мозокот и мобилните телефони.


Не треба веднаш да кренете паника. Ништо лошо нема да ви се случи доколку знаете како да ги држите мобилните телефони на страна од вас.


Купете си футрола за мобилниот телефон

Никој не се обидува да ве излаже. Вистината е дека футролите за мобилен телефон го намалуваат неговото зрачење за дури две третини.


Купете си будилник

Без разлика дали го користите или не, мобилниот телефон  емитира магнетски бранови.

Затоа, не го ставајте под перница или на ноќната масичка. Време е да си купите вистински будилник кој нема да ве зрачи.


Не разговарајте премногу

Зошто да не пишувате повеќе пораки отколку да се јавувате? Пишувањето пораки е поздраво отколку разговарањето на мобилен телефон затоа што телефонот е пооддалечен од мозокот.


Користете слушалки

Доколку си купите слушалки за телефон, нема да има потреба да го држите телефонот блиску до увото, па така ќе го спречите подолгото изложување на неговото зрачење.


Чувајте го мобилниот телефон во чанта

Работата на мобилниот телефон влијае врз работата на мозокот па затоа избегнувајте секаква близина со мобилниот телефон, дури и кога не е во употреба.

Не го ставајте во џебовите од панталоните затоа што е директно до кожата и делува без да го почувствувате тоа.