Тиквешија

Јавно наддавање на локации за изградба на винарии PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 27 Септември 2011 21:22   

 

 

Министерството за транспорт и врски вчера распиша објава за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање со намена за изградба на винарии. Имено станува збор за 41 локација кои се наоѓаат долж „Винскиот пат“ во општините Кавадарци, Неготино и Росоман, а целта е привлекување што поголем број домашни и странски инвестиции, како и отворање нови работни места. Со изградбата на нови винарии на овие локации, исто така ќе се создадат услови за збогатување на туристичката понуда во овој регион од Република Македонија.

Повеќе...
 
Стрелачкиот клуб Кавадарци во финансиска криза PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 26 Септември 2011 23:24   

 

 

Стрелачкиот клуб Кавадарци поради финансиска криза која што се провлекува веќе цела година, настаната заради прекин на редовното финансирање на клубот, не беше во можност во саботата да им обезбеди на стрелачите од Кавадарци, членови на клубот, настап на петиот куп што традиционално го организира Македонската Спортска Стрелачка Федерација во Скопје.

Повеќе...
 
Сообраќајна воспитна акција за првооделенците PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 26 Септември 2011 23:18   

 

 

Денеска во ООУ „Страшо Пинџур“ од Кавадарци на учениците од прво одделение им беше одржана „Сообраќајна воспитна акција“. Акцијата беше спроведена од страна на инспекторот за превенција во сообраќајот, Диме Крстев од полициската станица од општа надлежност Кавадарци.

Повеќе...
 
Средношколците ќе даруваат крв PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 26 Септември 2011 23:14   

 

 

Со денешната акција во гимназијата „Добри Даскалов“, Општинската организација на Црвен крст, во соработка со Републичкиот завод за трансфузиологија започнува активност за доброволни крводарителски акции во кавадаречките средни училишта.

Повеќе...
 
Во недела, прв Екстра тур натпревар во спортски риболов PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Сабота, 24 Септември 2011 12:08   

 

 

Кавадарци веќе подолго време може да се пофали со активисти, спортски риболовци, јубители на водените површини и убавата македонска природа. Една таква група на ентузијасти, веќе подолго време е дел од сите натпреварувања во спортски риболов кој се одржуваат низ Македонија, поточно на вештачките и природните езера во нашата преубава земја.

Повеќе...
 
«ПочетокПред411412413414415416417418419420СледноКрај»

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov