Кавадарци - Ноќен Живот,Трачеви,Озборувања

Кавадарци во 2012-тиот јануари PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 07 Февруари 2012 04:03   

 

„Со лаптопот во нашите срца и мисли“ конечно го испративме јануари во минатото заедно со сите негови празници, делници, непроспиени ноќи и пладневни утра. Најдолгиот месец во годината навистина е најдолг, особено кога немаш пари затоа што платата која ти ја дадоа на два дена пред крајот на старата година ја истроши пред да почне новата. Пакетчиња за внучињата, писмо до вујче од Америка кој и оваа година наместо очекуваните сто долари ти врати честитка што свири и новото џемперче за новогодишната ноќ не ти оставија пари ниту за петарди.

Повеќе...
 
Голема мобилизација, биди и ти Лозар PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 07 Февруари 2012 03:55   

 

 

Дерби кое мора да се добие. А ќе се добие само со полн исток, само со навивање од срце, само со песна, и подршка за кавадаречките гордости, македонските и балканските шампиони, играчите на Фени Индустри...

Повеќе...
 
Блузирање на Марјан Т. PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 06 Февруари 2012 11:39   

 

… Крајот на седумедесетите од минатиот век е. Школскиот распуст траеше од 15 до 31 јануари. Во Кавадарци снег. И тоа бааѓи. А од снегот урнебес и фантастичен зимски распуст. Санките беа главно превозно средство, ама и нешто повеќе. Тепето на периферијата на Градскиот парк, надолнинката кај старото музичко училиште, улицата кај Габерот, екстремната удолнина на Голи оток беа нашите Маврово, Кожув, Попова шапка… Деца бевме, се санкавме, си одевме дома утоп мокри со првиот мрак, му се радувавме на животот и на следниот школски распуст. А тој пак – летен.

Повеќе...
 
Фени го загуби врвот PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 06 Февруари 2012 11:38   

 

 

По 17 одиграни кола, на жалост на кавадарчани, Фени го испушти врвот. Поразот во Куманово од 92-88 по петте минути продолжение го чинеа нашиот тим губење на лидерската позиција, каде сега поради подобрата кош разлика се наоѓа тимот на МЗТ Скопје, кој го доби дербито со Работнички со резултат 69-88.

Повеќе...
 
Даниел Мојсов го продолжи договорот со Војводина PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Сабота, 04 Февруари 2012 20:51   

 

 

 

Одкако во последните неколку денови српските медиуми на големо пишуваа за размената која ја планираат Црвена Ѕвезда и Војводина, а беше насочена кон двајцата централни дефанзифци Миодраг Пантелиќ и кавадрчанецот Даниел Мојсов, денес по потпишувањето на новиот договор со кој Мојсов ја продолжи верноста кон клубот од Нови Сад на уште шест месеци, со своја изјава се јави спортскиот директор на Војводина, Миодраг Пантелиќ.

Повеќе...
 
«ПочетокПред491492493СледноКрај»

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov