Кавадарци - Ноќен Живот,Трачеви,Озборувања

ГРК Тиквеш убедливо поразен од Струга PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 30 Октомври 2017 17:44   

 

Во рамките на натпреварот од 6 коло во Првата Лига, ракометарите на ГРК Тиквеш запишаа неочекувано висок пораз од 25:35 и тоа на домашен терен од тимот на Струга, . Едно полувреме беше доволно за гостинските играчи да покажат дека не биле случајни претходните 4 победи и дека екипата има сили за борба за врвот.

Повеќе...
 
На Фени му беа потребни 50 минути за да ги „скроти Соколите“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 30 Октомври 2017 17:34   

 

По двата порази на стартот на сезоната, кошаркарите на Фени Индустри врзаа две победи, од кои последната на гостински терен кај актуелниот вицешампион, Карпош Соколи со НБА резултат, 103-109. За разлика од првиот сезонски триумф, за да стигнат до втората победа на избраниците на Малинков им беа потребни дополнителни 2 продолженија, во кои конечно успеаа да го скршат отпорот на домаќините. Секако, победата е единственото оправдание на играчите пред своите тренери, одново играјќи слаба одбрана, која ја компензираа со фантастичен напад.

Повеќе...
 
Пионерите на ГРК Тиквеш се есенски шампиони во групата исток PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Недела, 22 Октомври 2017 19:58   

 

Пионерите на градскиот ракометен клуб Тиквеш се есенски шампиони во пионерската лига на Македонија, група исток, откако во последниот натпревар од првиот дел од натпреварувачката кампања славеа победа над силниот тим на Астрион Струмица од 27-24.

Повеќе...
 
Кошаркарите и кошаркарките на Про-баскет играа и донираа за Николија PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Недела, 22 Октомври 2017 13:08   

 

Под мотото „Про-баскет игра за Николија“, стотина млади кошаркари и кошаркарки, членови на кошаркарскиот клуб Про Баскет од Кавадарци се вклучија во хуманитарната акција за помош на малата Николија на која итно и е потребно лекување во странство.

Повеќе...
 
Вардар Неготино го доби првото ракометно дерби на Тиквешијата по 10 години PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Недела, 22 Октомври 2017 11:29   

 

Без Илија Грозданов и Ѓорѓи Велков, но и против 1500 навивачи на неготинскиот тим кои жестоко ги бодреа своите ракометари во текот на сите 60 минути, младиот тим на ГРК Кавадарци не можеше ништо освен спортски да го признае поразот во првото ракометно дерби во Тиквешијата по 10 години.

Повеќе...
 
«ПочетокПред12345678910СледноКрај»

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov