Интервју



Новогодишно интервју со Александар Панов PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 31 Декември 2013 16:17   

 

По безброј интервјуа, емисии, отворени студија, на само неколку часови пред крајот на 2013та, односно до почеток на 2014 година, градоначалникот Александар Панов не прими во неговата канцеларија, за да го даде своето последно интервју во годината токму за www.kavadar4e.com. Непосреден и срдечен, отворен за раниот утрински разговор, градоначалникот Панов ни одговараше на неколку поинакви прашања, прашања кои во себе го содржат празничниот дух, и кои ја откриваат другата страна на нашиот соговорник, сосема различна од онаа која што ја гледаме во текот на останите повеќе од триста денови на јавните појавувања на првиот човек на Кавадарци.

Повеќе...
 
Даниел Мојсов PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Недела, 25 Август 2013 22:59   

 

По кошмарот наречен Војводина и неколкуте пропаднати трансфери, Даниел Мојсов конечно го најде својот фудбалски мир во дресот на Бран, па убавите вести кои доаѓаат секој викенд од далечната Норвешка се очекувани за сите оние кои што ги познаваат квалитетите на кавадарчанецот. Токму одличните игри за тимот на Бран, но и за македонската репрезентација беа повод по втор пат во петгодишната историја на www.kavadar4e.com да поразговараме со Даниел Мојсов, кој патем ни одговараше и на прашањта за норвешката лига, престојот во Берген, репрезентативниот тандем со Шиков...

Повеќе...
 
Марјан Димитров PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 03 Јуни 2013 10:20   

 

Иако вели дека не знае ништо, со Марјан Димитров можете буквално да зборувате на било која тема. Проткаеноста на неговото професионално CV тешко 34 години со информации од речиси сите поважни настани од кавадаречкото секојдневие и илјадниците интервјуа со признати експерти од сите области едноставно му го дозволува тоа, а неговата харизма, начин на зборување и хумор едноставно ќе Ви го продолжи разговорот се до моментот додека не сватите дека предвиденте 30тина минути веќе влегле во четвртиот час. Знаејќи го тоа решивме да поставиме некаква рамка, која се „скрши“ веќе по првите прашања, па текот на разговорот продолжуваше во многу нови, непредвидени насоки кои за нас, а се надеваме и за вас ќе бидат повеќе од интересни, затоа што едноставно не смеете, а да не прочитате за тоа како се снимаа „Епроскоп“ и „Династија на Кавадаречки начин“, за преносите во живо од коледарските огнови, светлите моменти на кавадаречкото новинарство како и за многу други интересни работи...

Повеќе...
 
Милан Левов PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 11 Март 2013 01:00   

 

Генерациската блискост со Милан Левов ми овозможи да го следам целиот негов досегашен тек на кариерата, почнувајќи од првите настапи во дресот на Винарска Визба Тиквеш, учеството на светското јуниорско првенство во Охрид, трансферот во Саудиска Арабија, враќањето во Кавадарци, првите натпревари во Лигата на шампиони во ракомет во дресот на Вардар Про, сензационалниот трансфер во Металург кој сеуште е рекорден во Македонија, настапите во сениорскиот репрезентативен дрес на Македонија... Иако за сите гореспоменати делови од кариерата на Левов можевме да правиме по едно интервју, сепак за прв пат во овие речиси пет години од постоењето на www.kavadar4e.com конечно успеавме двајцата да пронајдеме малку слободно време во набиените агенди, па оддамна ветуваниот краток разговор, се претвори во едно убаво попладневно дружење во кое Милан одговараше на нашите прашања за неговата ракометна кариера, но и за животот на еден професионален ракометар, неговата приватност, поддршката од најблиските, како и за неговите идоли, омилени приказни и уште многу други интересни работи.

Повеќе...
 
Ванче Шиков PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 27 Декември 2012 02:42   

 

Ванче Шиков одамна го заслужи местото во градската спортска историја, но на страницата посветена за него има сеуште доволно простор за да се запишат уште многу успеси. Земајќи му мал дел од неговото ретко слободно време поминато во родното Кавадарци, во новогодишното интервју за www.kavadar4e.com Шиков одговараше на прашањата за текот на неговата кариера, трансферите, настапите во украинскиот Волин, но и за помошта на фудбалскиот клуб Тиквеш, дружењето со Лозари и за уште многу, многу интересни работи...

Повеќе...
 
«ПочетокПред12345678910СледноКрај»

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov