Интервју - www.kavadar4e.com

Лазе Попов - Лозарот PDF Печати Е-пошта

 

Комуникацијата Кавадарци - Холандија и покрај многуте социјални мрежи ни одеше малку тешко, па со Лазе Попов, или ако повеќе сакате Лозарот, решивме договореното интервју да го направиме на домашен терен, во Кавадарци. А подомашен терен од Дома Кафе неможе да има, па во нашето веќе стално прибежиште, со сладолед и кафе во рака разговаравме за ракометната кариера на Лозарот, играњето во Црна Гора, Косово, Македонија, Холандија, работата во младинските школи, но и за ракометот во Кавадарци, за неговите светли денови, но и за денешната ситуација која е далеку од розова.

Повеќе...
 
Пепи Ангелов PDF Печати Е-пошта

 

Музичарите и актерите секогаш се одлични соговорници, а кога овие две професии ќе ги најдете споени во еден човек, и на тоа ќе додадете 25 години работно искуство, исполнети со многу настани и личности, е тогаш разговорот буквално нема крај. Со Пепи Ангелов можевме да разговараме уште неколку часови, или денови, но за да оставиме простор за некоја наша идна средба, решивме во ова интервју да зборуваме за неговите почетоци, за текот на неговата кариера, за состојбата во музиката, за губењето на рок културата и почеткот на турбо фолкот, но и за фудбалот, книгите, и доживувањата во семејството Ангелови во време на златните години на Тиквешкиот гроздобер...

Повеќе...
 
Александар Малинков PDF Печати Е-пошта

 

 

Биографијата на кавадаречкиот актер Александар Малинков е импозантна. Бројките се најмерливиот показател за неговата успешност, истите тие бројки кои покажуваат дека Александар Малинков годинава го слави својот јубелеј, 25 години од својата прва претстава. Токму по повод јубилејот на кавадаречкиот актер и режисер, на неколку денови пред премиерата на неговото ново актерско и режисерско остварување, претставата „Дупло Дно“ на текст од Горан Стефановски беше главна причина да го направиме ова интервју, неиспуштајќи ја шансата да го прашаме и за годините поминати на факултетот за драмски уметности, моментите во славното бифе на истиот факултет, за театарските претстави....

Повеќе...
 
Александра Михова PDF Печати Е-пошта

 

 

 

Млада, талентирана, убава девојка со моќен вокоал што остави голем впечаток на првиот Македонски Идол. Доволен повод да дознаме нешто повеќе за нашата сограѓанка Александра Михова.

Повеќе...
 
Наталија Славева PDF Печати Е-пошта

 

 

Ретки беа имињата, па дури и на луѓето од кавадарци кои имаа слушнато за Наталија Славева, девојчето на кое за малку и избега Евровизиската победа. Потоа следуваше и Макфест, и сигнлот „Тоа сум јас“, кој веќе неколку месеци е една од највртените песни низ македонскиот радиски етер. Девојката со блескава насмевка и необичен сјај во очите дефинитивно ја одбележа 2011 година, па затоа на нешто помалку од три недели решивме да зборуваме со неа, во последното kavadar4e интервју за оваа календарска година.

Повеќе...
 
«ПочетокПред123456789СледноКрај»

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov