Интервју - www.kavadar4e.com

Интервју со Јован Марковски: Кратката клупа е слабоста на МЗТ PDF Печати Е-пошта

 

Ако добро ги следите натпреварите на Фени Индустри, ќе забележите дека пред почетокот и по завршувањето на секој натпревар Јован Марковски се поздравува со децата со посебни потреби. Неговата почит кон луѓето кои ние речиси и да не ги забележуваме го прави голем во нашите очи, иако ништо помал не е ефектот и од неговата игра, пред се затоа што е најзаслужниот што Фени минатата сезона обезбеди опстанок во прволигашкото друштво и сезонава има можност да се бори за пласман во финалето. Токму во оваа насока се движеше и нашиот разговор со кој го најавувме полуфиналниот дуел со МЗТ Скопје.

Повеќе...
 
Интервју со Тони Симиќ: МЗТ Скопје ни одговара повеќе од Работнички PDF Печати Е-пошта

 

Победничкиот жар во очите, мотивацијата и гладта за победа кои ги поседува Тони Симиќ ги прават триесет и осумте години само обични бројки. Желен за нови триумфи, Симиќ кој сезонава прв пат настапува за тим надвор од главниот град на земјата, верува дека овој тим има големи шанси да се пласира во финалето од македонското првенство, а во него шансите се еднакви.

Повеќе...
 
Интервју со Бошко Јовововиќ: - Во тимот има хемија за голем резултат PDF Печати Е-пошта

 

Иако сеуште го нема кажано последниот збор на кошаркарските терени, Бошко Јововиќ со право го носи епитетот на икона на кошаркарскиот клуб Фени Индустри. Миленикот на публиката во Јасмин и кавадаречката публика не крие колку го сака тимот во кој остави длабок печат учествувајќи во сите негови големи успеси, но и градот кој го чуствува како свој дом. Токму за овие работи, но и за големата победа над Карпош Соколи на гости која го става Фени во добра позиција пред продолжетокот на плеј оф трката зборувавме со Бошко Јововиќ во најновото интервју кое по традиција го правевме во Тајм Аут.

Повеќе...
 
Интервју со Мајкл Амонс PDF Печати Е-пошта

 

Ако во првиот дел од сезоната не воодушеви со својата игра во напад и атрактивните забивања, Мајкл Амонс во последниот период ја покажа и својата доминантна игра во одбрана. Насмеан и ведар, амеркинскиот кошаркар во дресот на Фени Индустри ни одговараше на неколку интересни прашања поставени од нас, но и од поддржувачите на Фени меѓу кои и за натпреварот со Работнички, неговото искуство во Фени, дружењето со своите соиграчи и фановите.

Повеќе...
 
Горан Самарџиев: Атакуваме на пласман помеѓу четирите најдобри PDF Печати Е-пошта

 

Со пласманот помеѓу најдобрите шест, кошаркарите на Фени Индустри ја остварија првата цел сезонава, а следен таргет е пласман во најдобрата македонска четворка. Смирено и без многу притисок, капитенот Горан Самарџиев го очекува продолжетокот од сезоната, односно нејзиниот суперлигашки дел, а во интервјуто во кое ќе прочитате и за неговата дружба со хармониката и фудбалот, ветува дека ќе го дадат максимумот од себе за да се најдат во полуфиналната серија.

Повеќе...
 
«ПочетокПред123456789СледноКрај»

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov