Првоарпилски виц

Си биле маж и жена, млади луѓе, желни за забава.

 

Така кога дошол 1. април секако се подготвувале за маскенбал. Арно ама, жената сомничава бидејќи мажот бил познат по афери, смислила финта да го фати на дело.

 

Во последен момент рекла: - Ништо, не можам да одам, ме боли глава, но ти срце секако оди и забавувај се.

 

И било така, останала сама и почнала да ја спроведува идејата понатаму. Ставила нов костим да не ја препознае мажот и таа отишла на забавата. Таму на подиум го гледа мажот како пред сите шмека девојки и решава да му се намести и самата таа.

 

Тој не ја препознава и се смувале така, стигнале и до некоја соба и кога свршиле работа жената побрзала да се врати дома прва. Стигнала и брзо се пресоблекла во пижами, демек ја боли главата. По петнаесетина минути доаѓа и мажот.

 

Жената да го испровоцира го прашува: -Срце, си помина убаво на забавата? Тој одговара: - Па не баш. Не бев расположен многу, па отидов со уште некои да играме карти. Ама да слушнеш само што му се има случено на другар ми кому му го позајмив костимот! ...




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov