ВИДЕО: Софија Манева - Тишина

 

На 19 февруари 2013 година, кавадарчанката Софија Манева на својот youtube канал и официјално го промовираше видеозаписот за насловната песна од нејзиниот истоимен албум „Тишина“ зад која како музика, текст и аранжман се потпишаа: Тони Соколов – Цока и Перо Манев.


Кожувчанка како единствен спонзор на овој видеозапис уште еднаш ја потврди соработката и довербата кон својата сограѓанка, а обожавателите на македонската забавна музика ќе можат да уживаат во многу добар спој на аудио и видео проектот „Тишина“.


Промоцијата на албумот, Софија ја најавува за средината на април годинава.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov