Попладневно Ел Класико PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 12 Февруари 2013 00:47   

 

И дефинитивно, големото Ел Класико во рамките на Примера ќе се игра на 2 март и тоа во невообичаен термин за ваков натпревар, 16 часот.



Ваква одлука денеска донесе раководството на Ла Лига на барање на Реал и со тоа е ставен крај на сите шпекулации во врска со најинтересниот натпревар во шпанскиот фудбал. Со оглед на тоа што дербито најверојатно нема да решава за ништо во првенството, а Реал три дена подоцна го очекува реванш-мечот против Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите, мадридскиот клуб побара Ел Класико да се игра на 1 март навечер или најдоцна на 2 март во 16 часот со цел фудбалерите да имаат колку е можно повеќе време за одмор.


Претходно, Барселона го одби барањето за одигрување на мечот еден ден порано поради нејзиниот згуснат распоред и реванш-натпреварот од полуфиналето на Купот на Шпанија, повторно против Реал Мадрид.


Следното првенствено Ел Класико ќе биде шести дуел на Реал и Барселона оваа сезона, а до крајот е можно двата најголеми ривали да се сретнат уште два пати, во Лигата на шампионите.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov