Антиќ и Мекејлеб остануваат во репрезентацијата PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 05 Февруари 2013 02:48   

 

Првите ѕвезди на македонската кошаркарска репрезентација, Перо Антиќ и Лестер Бо Мекејлеб најавија дека ќе останат во селекцијата и ќе се појават на подготовките за следното Европско првенство.


- И Антиќ и Мекејлеб со ентузијазам гледаат на претстојните настапи со репрезентацијата и со нетрпение очекуваат летово да се сретнат со останатите соиграчи, изјавил Илија Мерџановски директорот на националните селекции за веб страната на МКФ.


Тој минатата седмица во Атина остварил средба со двајцата кошаркари на која им беше презентирана програмата за подготовки и натпревари која ја очекува македонската репрезентација следното лето и настапот на Евробаскетот во Словенија.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov