Буфон во нова двегодишна врска со Старата Дама PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 24 Јануари 2013 01:58   

 

Еден од најдобрите светски голмани во историјата на фудбалот, Џанлуиџи Буфон ја продолжи соработата со Јувентус на уште две години.


Топ веста која набрзина ја проширија светските спортски медиуми официјално беше објавена на веб сајтот на „Старата Дама“.


„Имам 34 години и не се сметам за стар, туку зрел. Знам до каде ми се границите и верувам дека барем уште 3 години можам да бидам во најдобра форма“, рече Буфон кој со новиот договор ќе има помали годишни примања, односно наместо сегашните 6, ќе добива 4 милиони евра на годишно ниво.

 

Буфон кој е во Јувентус веќе 11 години, во дресот на Старата Дама освои три титули во Серија А и еден суперкуп на Италија.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov