Меси не сака повеќе споредби |
|
|
|
Напишано од Unevski on Понеделник, 21 Јануари 2013 23:11
|
Најдобриот светски фудбалер, Лионел Меси, во изјава за медиумите откри дека воопшто не му одговараат споредбите со светските спортски ѕвезди како Усеин Болт, Мајкл Џордан или Мухамед Али.
Со својата доминација на теренот, аргентинскиот виртуоз секодневно е споредуван со спортски легенди, но за скромниот Меси ваквите споредби не се добри сè до моментот додека не замине во пензија.
„Лудост е да ме споредувате со спортисти како Џордан, Болт, Али… Не сакам споредби. Кој сум јас да се споредувам со другите? Јас си ја работам својата работа и кога ќе ја завршам кариерата ќе видиме колку добро сум си ја работел својата работа“, рече Меси.
Во својата изјава, Меси додаде дека тој самиот си е критичар и дека не му е лесно за да ги задоволи своите критериуми.
|